ЕУ како промотор на демократијата или „стабилократијата“ на Западниот Балкан?
Клиенти: Холандско Министерство за надворешни работи, Холандско Министерство за одбрана
Имплементатори: Холандскиот институт за меѓународни односи „Clingendael“ во соработка со мрежата Мисли за Европа.
Почнувајќи од август 2021 година, мрежата Мисли за Европа (Think for Europe Network (TEN)) ја започна работата на истражувачкиот проект „ЕУ како промотор на демократијата или „стабилократијата“ на Западниот Балкан?“. Овој проект се имплементира во партнерство со Холандскиот институт за меѓународни односи ‘Clingendael’.
Преку процесот за проширување ЕУ се обидува да ја поттикне демократизацијата на Западен Балкан. Сега кога понатамошните реформи во одредени земји напредуваат побавно или се целосно блокирани, се повеќе внимание се обраќа на негативните нус појави од ЕУ политиките. Литература за ЕУ проширувањето забележува дека и покрај демократските цели, стратегиите и политиките на ЕУ ненамерно придонесуваат за формирање на таканаречени стабилитократии во регионот: земји со очигледни демократски недостатоци кои во исто време тврдат дека обезбедуваат стабилност про-ЕУ.
Истражувачкиот проект се фокусира на шесте земји од Западен Балкан. За секоја земја, се оценуваат недостатоците во политиките за проширување на ЕУ, идентификувани во литературата кои се практикуваат, нудејќи размислување за применливоста на теоретската рамка за одредена земја, поткрепена со проценка на голем број студии на случај.
Проектот ќе се спроведува во 2021 година и ќе кулминира со извештај на Clingendael на англиски јазик со придонес од шесте ТЕН партнери. Проектот е финансиран од Холандско Министерство за надворешни работи, Холандско Министерство за одбрана.