Сите вие вечерва ќе ја изневерите ЕУ! Проговорете сега или молчете!
Граѓаните на Северна Македонија со право очекуваат почеток на пристапните преговори со ЕУ веднаш. Северна Македонија спроведе тешки реформи и направи компромиси без преседан. Нашата земја дури го смени и уставното име, мотивирана од ветувањето за членство во ЕУ.
Сепак, утре, кога се одржува седница на Советот за општи работи на ЕУ, најверојатно ќе бидеме сведоци на уште едно изневерување. Ова не само што ќе биде изневерување на македонските граѓани, туку и на основачките вредности на ЕУ, како и на нејзините главни стратешки интереси.