Извештај од дискусија: Како до прочистено судство и независни судии?

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје на 09.07.2020 година организираше фокус група на тема Демократски институции – „Како до прочистено судство и независни судии“ на која учествуваа експерти од академијата и граѓанските организации. Целта на фокус групата беше насочена кон дискутирање на наодите и препораките произлезени од две истражувања: „Како да се поттикне Собранието да врши зголемен надзор врз борбата против корупцијата во јавните институции“ и „Како до прочистено судство и независни судии“, кои дадоа применливи препораки за унапредување на политиките по конкретните области. Овој извештај се фокусира на дискусијата во врска со судството.

Comments are closed.