Работилница „Пренос на најдобрите искуства и практики од земјите кои пристапуваат кон ЕУ“

Институтот за европска политика и Асоцијацијата Зенит од 28 до 30 ноември организираа работилница „Пренос на најдобрите искуства и практики од земјите кои пристапуваат кон ЕУ“ во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права.

Целта на оваа работилница е да ги запознае клучните македонски институции и граѓанските организации со перспективите и предизвиците со кои што се соочуваат Црна Гора и Србија во мониторингот и евалуацијата на реформите во правосудството и вклученоста на граѓанските организации и целни групи во рефомрските процеси. Работилницата ќе служи за пренос на најдобрите исксутва и практики од земјите од Западниот Балкан кои ги отворија пристапните преговори во Поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права.

На работилницата учествуваат претставници од клучни институции од правосудниот сектор, претставници од Државната комисија за спречување на корупција и претставници од граѓанскиот сектор.

Првиот ден од работилницата го отвори Миодраг Радовиќ, советник на Претседателот на Црна Гора?? и поранешен заменик-главен преговарач за Поглавјата 23 и 24 за Црна Гора.

На вториот дел од работилницата предавач беше Срѓан Мајсторовиќ, Претседател на управниот одбор на Центарот за европски политики, Србија и поранешен заменик главен преговарач за Србија за Поглавјата 23 и 24. Тој го претстави српското искуство во преговорите и научените лекции од пристапните преговори.

Предавачка на третиот ден од работилницата беше Малинка Ристевска Јорданова, членка на управниот одбор на ЕПИ.

Работилницата се спроведува во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните”, финансиран од ЕУ и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија, а спроведуван од ЕПИ и Асоцијација Зенит.

Comments are closed.