Работилница „Методологија за стратешко предвидување и мониторинг и евалуација“
Институот за европска политика – Скопје и Асоцијацијата Зенит од 4 до 6 ноември организираа работилница „Методологија за стратешко предвидување и мониторинг и евалуација“.
На работилницата учесниците имаа можност да се запознаат со елементите на системот за следење на правосудните реформи, практично да работат на делот на индикаторите во соодветната стратешка област од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 година, која е предмет на интерес на секој од учесниците.
Оваа работилница беше наменета за претставници од правосудните институции и граѓански организации кои активно се вклучени во процесот на следење на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.
Работилницата се спроведе во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните”, каде што е предвидена изработка на Методологија за стратешко предвидување, мониторинг и оценување на правосудните рефрми. Оваа методологија ќе има цел да придонесе за следење и оценување на реформите во правосудството и е наменета за клучните институции во делот на правосудството. Оваа методологија, заедно со нов иновативен пристап за следење и оценување на правосудните реформи и пошироко реформските процеси во областите покриени со Поглавјето 23 ќе биде предмет на разработка на работилницата.