Инфографик: Северна Македонија – Подготвеност во 2019 во однос на другите земји од Западен Балкан

По одлуката на Министрите за европски прашања на ЕУ да дадат зелено светло за започнување на преговори за членство во Унијата со Северна Македонија, подготвивме инфографик за подготвеноста на земјава за започнување на преговорите, споредено со останатите земји од западниот Балкан.

Погледнете ја подготвеноста на Северна Македонија во кластерот „Основи“ како и во останатите кластери, дефинирани во новата предложена методологија на Европската комисија. Северна Македонија е подготвена за започнување на преговорите за членство. Во одредени делови од европското законодавство, земјава е далеку понапред, во поглед на подготвеност, споредено со останатите земји од западен Балкан.

Comments are closed.