Анализа на капацитетите и ресурсите на Јавното обвинителство во Република Северна Македонија
Блупринт групата за реформи во правосудството изработи документ за јавни политики кој се однесува на ресурсите и капацитетите со кои располага Јавното обвинителство во Република Северна Македонија.
Дел од препораките на Блупринт групата се:
?Со цел да се надополни недоволната персонална и материјална опременост потребно е ажурирање и усогласување на актите во однос на внатрешното работење и внатрешната организација и систематизација.
?Потребно е континуираната едукација на јавните обвинители да продолжи да се спроведува на квалитетен начин и да вклучува едукации за сензибилизирање на јавните обвинители по прашања од одредена сензитивна природа (дискриминација, родова еднаквост, барања за притвор и сл.) како и почитување на правата на одбраната.
?Соработката помеѓу ЈОРСМ и другите државни органи треба да се зацврсти и етаблира. Еден од тие начини е преку склучување на Меморандум за соработка а во кои ќе бидат вклучени елементи за редовно информирање на јавноста.