Младинско учество – клуч за демократија
Проблемите со кои што се соочуваат младите и подобрувањето на нивната положба и средина беа дел од темите на Самитот на Берлинскиот процес во Познањ и на младинската конференција на Романското претседателство со Советот на ЕУ. Како држави што се справуваат со одлив на мозоци, земјите од западниот Балкан треба да креираат овозможувачка средина и да посветат внимание на правата на младите. Приоритизирањето на правата на младите и нивното учество понатаму ја потенцира и нивната улога и важност во процесите на хармонизација со европските стандарди и демократизација на општеството.