Сакам дома да живеам: Влијанието на студентското здружување кон личниот и политичкиот развој на младите кои биле дел од Студентскиот пленум
Незадоволството кај младите во Македонија меѓу другото води кон масовна имиграција на младите, особено образованите кадри. Едно од малкуте темелни истражувања изработени на оваа тема сведочи дека повеќе од половина млади би сакале да ја напуштат Македонија.