Пристапување во ЕУ – следење и застапување: Ефектите на инструментите од процесот за стабилизација и асоцијација врз европската интергација и регионалната соработка на ЗБ6

Европеизацијата на Западниот Балкан е ставена во сенка поради различни причини од двете страни во процесот – од ЕУ и од земјите од Западен Балкан (ЗБ). Внатрешните предизвици на Европската Унија (економската криза, мигрантската криза, растот на евроскептицизмот, итн.) го тргнаа проширувањето од агендата на Брисел на некое време. Од друга страна, недостатокот на политичка волја, неодговорноста на политичките елити во ЗБ и искористувањето (од некои носители на одлуки) на сегашната ситуација во ЕУ предизвика застој на реформскиот процес на земјите од ЗБ, а во некои случаи и назадување. По изјавата на Јункер на обраќањето за Состојбата на унијата, а по однос на проширувањето на ЕУ во наредната декада, се отвори нов прозорец со можности. Сепак, процесот на проширување на ЕУ и европеизацијата на Западниот Балкан подразбира подобрување на веќе постоечките инструменти за интеграција, како Спогодбите за стабилизација и асоцијација (ССА) и ЦЕФТА2006, како и одново започнување на позитивна наратива за проширување на ЕУ.

Општата цел на проектот е да се придонесе кон европската интеграција на Западниот Балкан, преку подобрување на инструментите за поефективно проширување на ЕУ.

Специфичните цели се:

  1. Да се испорачаат методолошки исправни докази за ефектите на ССА и ЦЕФТА2006 врз земјите од Западен Балкан, во рамките на процесот на проширување на ЕУ;
  2. Да се овозможи поголема искористеност на потенцијалите кои ги нудат ССА и ЦЕФТА2006 во земјите од Западен Балкан, врз основа на конкретни препораки поврзани со неискористените механизми кои ги нудат овие спогодби;
  3. Да се отвори дијалог за политики на конкретни сценарија за интеграција на земјите од Западен Балкан помеѓу носителите на политики во земјите од Западен Балкан и во ЕУ.

Целите ќе бидат постигнати преку (а) истражување на политиките и (б) активности за застапување.

Препораките за ССА и ЦЕФТА2006 и документот за јавна политика со три сценарија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе бидат дискутирани со носителите на политиките и создавачите на мислењата на шест јавни настапи, кои ќе се одржат во престолнините на Западен Балкан, додека пак затворени состаноци со носителите на политиките на ниво на ЕУ ќе се одржат во Брисел и Берлин.

Времетраење на проектот: октомври 2017 – јануари 2019

Проектни партнери: Европско движење во Србија (Србија), Албански институт за меѓународни студии (Албанија), Институт за европска политика – Скопје (Македонија), Риинвест институт (Косово), Европско движење во Црна Гора (Црна Гора).

Буџет: 7500 евра

Донатори: Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на С.Р. Германија и Фондацијата институт отворено општество.

Post by epiadmin

Comments are closed.