[Одредниците на ЕУ за Македонија] Реформи од клупа – колку можат да бидат ефективни?
Овој извештај, дел од регионален проект, ја проучува делотворноста на Системот за поставување на одредници на ЕУ од страна на ЕУ по однос на избрани области на политики во рамките на Поглавјата 23 и 24, фокусирајќи се на случајот со Македонија. Примерокот беше избран откако се мапираа одредниците што се заеднички или слични меѓу шесте аспиранти за членство во ЕУ од Западен Балкан.