Овој краток документ за политика ги резимира резултатите од едногодишниот проект со цел анализирање на ефективноста на системот за бенчмаркинг на ЕУ за избрани политики од Поглавјата 23 и 24, фокусирајќи се на случаите од Западен Балкан. Овој проект е прв посериозен обид критички да се оцени степенот до кој се исполнети целите и степенот до кој таргетираните проблеми се решени со цел напредок во процесот за пристапување кон Европската Унија. За целта на ова истражување анализиравме примерок од 8 избрани бенчмаркови во сите шест земји од Западен Балкан од нивно воведување преку деск анализа на документи и интервјуа со стејкхолдери.