Без етикети, со аргументи!

Без етикети, со аргументи! Деновиве сме сведоци на напади врз граѓански организации поради ставовите кои јавно и аргументирано ги споделуваат со јавноста во врска со францускиот предлог за отворање преговори со ЕУ. Би сакале да нагласиме дека, наспроти сѐ, Институтот за европска политика (ЕПИ) ќе остане доследен на своите цели, мисија и принципи. Продолжуваме да […]

[Форум Еуропеум 2022] Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: Што претстои?

Конференцијата „Форум Еуропеум 2022 Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: што претстои?“ се одржа на 8 jули 2022 година во Хотел Холидеј Ин во Скопје и онлајн на ZOOM платформата, во рамки на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“, кој го спроведува Институтот за европска […]

Реакција до јавноста: ЕПИ го осудува насилството на протестите

Институтот за европска политика (ЕПИ) строго го осудува насилството и поттикнувањето на етничка нетрпеливост на протестите против францускиот предлог и говор на омраза на било која основа.   ЕПИ поддржува аргументирана дебата за пристапување кон ЕУ како стратешка определба на нашата држава наспроти насилство. Наше категорично залагање секогаш било и останува сите клучни прашања во […]

Придонес кон тековните јавни консултации за предлог преговарачката рамка за Северна Македонија за пристапување во ЕУ

Македонско – бугарските преговори и договори не смеат повеќе да бидат тајни. Преку отфрлањето на „францускиот предлог“ за кој првично се заложи премиерот и очигледно доминантен дел од нашето општество, мора да изградиме нов став со широк општествен консензус за каков било иден аранжман, којшто ќе биде заснован на темелни дискусии. Во тековниот предлог, преговорите […]

Дебата на ЕПИ и ИДСЦС: Македонија треба да се воздржи од отпочнување преговори со ЕУ по секоја цена

Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска во Јавна соба го презентираа документот Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија? Документот го презентираа претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски и директорката на ЕПИ Симонида Кацарска. Трошановски истакна дека целта на документот е да го изостри фокусот во јавноста дека зад флоскулата „за [...]

Успешно спроведена третата Национална дебатна анкета, 150 граѓани дискутираа и прашуваа за изборните реформи

Граѓаните дискутираа и прашуваа каков изборен систем сакаат и кои реформи се потребни во изборниот процес во земјава во рамките на третата Национална дебатна анкета за демократија организирана од ЕПИ, во соработка со Центарот за делиберативна демократија од Универзитетот Стенфорд од САД. На 4 и 5 јуни, околу 150 граѓани од целата земја се информираа [...]

Поттикнување на социјалните права: клуч за закрепнување на ЕУ од Ковид-19

Со цел спротивставување со социјалното влијание од пандемијата Ковид-19, беше овозможена досега невидена финансиска поддршка од ЕУ . Многу луѓе во ЕУ, особено луѓе од ранливи категории, се соочија со намален пристап до здравствена заштита, грижа за децата, образование и интернет. Ова доведе до прекумерна смртност, сиромаштија, невработеност и социјална исклученост. Извештајот за фундаменталните права [...]

Граѓаните дискутираат и прашуваат: Изборниот систем и реформите во изборниот процес во Северна Македонија

Каков треба да биде изборниот систем во земјава и кои реформи во изборниот процес се потребни? Ова се темите на кои 150 граѓани од сите осум плански региони во Северна Македонија викендов ќе дискутираат и ќе поставуваат прашања на релевантните општествени чинители.   Институтот за европска политика ја организира третата Дебатна анкета во земјава во […]

[Видео] Што преовладува кога ќе се споредат трошоците и предностите на медијацијата?

За време на нашата втора обука за обучувачи за медијација, ја прашавме Хеа ван Кломпенбург од Меѓународниот регистер за медијација и Холандската федерација на медијатори за предностите наспроти трошоците при користењето на медијација.