ЕПИ стана дел од Коалицијата „Сите за правично судење“
Коалицијата „Сите за правично судење“ на своето годишно собрание одлучи да го прифати барањето за приклучување на Институтот за европска политика (ЕПИ). Покрај ЕПИ, кон Коалицијата се придружи и Македонското здружение на млади правници.
Коалицијата претставува мрежа на граѓански организации, чии цели се:
- ● да го зголеми почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови;
- ● да ја воспостави јавната доверба во правниот систем и судството воопшто;
- ● да ги идентификува наследените проблеми во судскиот систем и да укаже на потребата за правна и институционална реформа;
- ● да ја запознае јавноста со стандардите за правично судење и да ја засили довербата на граѓаните во функционирањето на судскиот систем;
- ● да ги намали можностите за несоодветен третман на страните во спорот од судиите и другите учесници во постапката.