Оглас за волонтер/ка во ЕПИ
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на еден/една волонтер/ка во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата кај граѓаните“, кој е финансиран од Европската Унија. Проектот се спроведува во партнерство со Асоцијацијата ЗЕНИТ.
Времетраењето на ангажманот е предвидено за 3 месеци, со можност за продолжување.
Компензацијата се врши согласно Законот за волонтери.
Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:
- Додипломски студии (правни, политички);
- Солидно познавање на англискиот јазик;
- Солидно познавање на Microsoft Office (особено работа со Excel);
- Способност за работа и функционирање во тим.
ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.
Преку овој проект волонтерот/волонтерката ќе стекне знаење за стандардите на ЕУ во делот на правосудството и реформите во правосудниот сектор во нашата држава.
Аплицирајте со испраќање на резиме (CV) и мотивационо писмо на следната електронска адреса: [email protected] Во насловот на електронската порака задолжително е да се наведе ЕПИ_оглас_за_волонтер_(датум)_(Име и презиме).
Пријавувањето е отворено до 15 ноември 2019 година (петок).