(Infosheet) Рамномерен регионален развој: Причини за нерамномерност и можност за подобрување

Infosheet произлезен од фокус групата со експерти од академската заедница и граѓанскиот сектор на која се дискутираа истражувањата Рамномерен регионален развој во Република Северна Македонија: Причини за нерамномерност и позитивни примери за развој и Рамномерниот регионален развој како спас за депопулација на Република Северна Македонија DOWNLOAD PDF

Рамномерниот регионален развој како спас за депопулација на Република Северна Македонија

Предмет на ова истражување е дали рамномерниот регионален развој претставува спас за депопулацијата на Северна Македонија. Овој труд има цел да лоцира кои се причините за нерамномерниот регионален развој, дали се постојната институционална структура, финансиските средства, планирањето, односно дали треба различен пристап за решавање на овој предизвик преку конкретни предлози. За потребите на овој труд [...]

Рамномерен регионален развој во Република Северна Македонија: Причини за нерамномерност и позитивни примери за развој

Според податоците од Државниот завод за статистика, диспаритетот во развојот помеѓу македонските региони е видлив и очигледен. Но, ако не ги гледаме само бројките туку и реалната слика што ја имаме во другите градови, ќе видиме дека регионалниот развој во Република Северна Македонија е нерамномерен. Имаме комплетно празни села, запустени локални патишта, градови и региони [...]

Infosheet: Улогата на синдикатите во заштита на работничките права

Infosheet произлезен од фокус дискусија одржана со експерти од академската заедница и невладиниот сектор за  истражувањата Како да се зајакне улогата на синдикатите во заштита на работничките права? и ЗДРУЖУВАЊЕ, ЗБУНЕТОСТ ИЛИ ЗЛОУПОТРЕБА – Улогата на синдикатите во заштитата на работниците DOWNLOAD PDF

ЗДРУЖУВАЊЕ, ЗБУНЕТОСТ ИЛИ ЗЛОУПОТРЕБА – Улогата на синдикатите во заштитата на работниците

Овој труд ја анализира улогата на синдикатите во работните односи низ призмата на нивниот правен субјективитет. Целта е преку претставување на две различни стојалишта во однос на правниот статус, да се покаже на кој начин наодите од спроведеното истражување ја наметнуваат тенденцијата да се оспори постојното статус-кво. Имајќи ја предвид асиметричната моќ помеѓу синдикатите на [...]

Како да се зајакне улогата на синдикатите во заштита на работничките права?

На глобално ниво постои литература што ги тангира современите предизвици со кои се соочуваат синдикатите, но се чини дека во оваа дебата недостигаат иновативни решенија за соочување на синдикатите со современите економски предизвици. Што се однесува, пак, до Република Северна Македонија, ретка е литературата што го дискутира зајакнувањето на македонските синдикати. Односно, политичко-економската дебата е [...]

Извештај од дискусија: Како до прочистено судство и независни судии?

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје на 09.07.2020 година организираше фокус група на тема Демократски институции - „Како до прочистено судство и независни судии“ на која учествуваа експерти од академијата и граѓанските организации. Целта на фокус групата беше насочена кон дискутирање на наодите и препораките произлезени од две истражувања: „Како да се поттикне Собранието [...]

Infosheet: Како да се поттикне Собранието да врши зголемен надзор врз борбата против корупцијата во јавните институции?

Истражувањето Како да се поттикне Собранието да врши зголемен надзор врз борбата против корупцијата во јавните институции? беше дискутирано на фокус група со експерти од академската заедница и невладиниот сектор. Во овој краток Infosheet може да ги најдете препораките кои експертите ги издвоија за подобрување на борбата против корупцијата. DOWNLOAD PDF

Како до прочистено судство и независни судии?

Истражувачкиот труд за тема на елаборација ги има местото и улогата на Судскиот совет на Република Северна Македонија во професионализацијата, унапредувањето и во креирањето на самостојно и независно судство, објективни, одговорни и независни судии. Нагласокот е ставен на идното дејствување и ангажирање на Судскиот совет во тој и таков сложен, слоевит и долгорочен процес. Аналитички [...]

Како да се поттикне Собранието да врши зголемен надзор врз борбата против корупцијата во јавните институции?

Корупцијата во јавниот сектор може да биде изразена преку повеќе форми и облици, а нејзините деструктивни реперкусии врз целокупниот социоекономски развој на земјата се далекосежни. Корупцијата е длабоко всадена и во македонското општество, при што се наметнува потребата од сеопфатна административна реформа насочена кон борба против корупцијата. Борбата против корупцијата е сложен и долготраен процес [...]