Мрежа 23: Збирка на документи за јавна политика за правосудството и темелните права

Оваа збирка е резултат на грантовата шема спроведена во рамките на проектот „Мрежа 23“, финансиран од Европската Унија, преку Програмата за поддршка на граѓанското општество и од Кралството Холандија, преку програмата МАТРА. Погледнете ја публикацијата тука.

Мрежа 23: Збирка резимеа на студии на грантистите

Основната цел на проектот „Мрежа 23“, што го реализираа Институтот за европска политика – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, е структуиран придонес на граѓанското општество во следењето и во оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Преку проектот, на транспарентен [...]

Дводневна работилница во рамки на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во југоисточна Европа”

Институтот за европска политика (ЕПИ) заедно со Организацијата за заштита на потрошувачи на Македонија (ОПМ),  во периодот 11.09 -13.09.2015 г. организираа дводневна работилница за BEUC, во рамки на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во југоисточна Европа”. Проектот е финансиран од GIZ, а го имплементира мрежата TEN – Think for Europe […]

Збирка на студии презентирани на конференција „Подобрување на успешноста на јавната администрација: Тековни искуства и идни предизвици“

Збирка на студии кои беа презентирани на конференцијата „Подобрување на успешноста на јавната администрација: Тековни искуства и идни предизвици“ одржана на 9 и 10 септември 2015 година во Белград. Погледнете ја збирката тука.

Одржана втората работилница во рамки на проектот Дијалози за визија

Институтот за европска политика во рамки на својот проект Дијалози за визија кој е поддржан од страна на Британската амбасада во Скопје, ја организираше обуката на тема: Рамка за јавни политики, која ја спроведоа Zoe Collier и Graham Davey од Windmill Consulting од Лондон, Велика Британија. Целта на оваа работилница беше учесниците да се запознаат […]

ТЕН Регионална конференција во Белград на 9-10 септември 2015 година

Организатори на Конференцијата се Центарот за европски политики (ЦЕП) од Белград, Институтот за европска политика (ЕПИ) од Скопје и Институтот Алтернатива (ИА) од Подгорица. Целта на Конференцијата е да се отвори регионална дебата за ефикасноста на јавната администрација во земјите од Западна Европа. Посебен фокус ќе биде ставен на улогата и значењето на ревизијата на успешност […]

Брошура „Зошто Поглавјето 23 е клуч на пристапувањето кон ЕУ?“

Оваа информативна брошура за поглавјето 23 како составен дел од проектите активности има за цел да ги доближи европските демократски стандарди до граѓаните, да ги запознае граѓаните со обврските што произлегуваат од пристапниот процес за ова поглавје и да поттикне актиновст на граѓанскиот сектор. Погледнете ја брошурата тука.

Анализа на областите од Поглавјето 23 „Правосудство и темелни права во Република Македонија“

Оваа публикација е прилог кон остварувањето на улогата на граѓанскиот сектор како буден оценувач и коректив на политиките на Владата во областите покриени со Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Таа е поглед на граѓанските организации за остварувањето на европските демократски стандарди во Република Македонија, заснован на структурирано следење и евалуација на политиките. Истовремено, [...]

Прва работилница во рамки на проектот „Дијалози за Визија“

Во рамки на проектот Дијалози за Визија поддржан од Британската амбасада во Скопје кој го спроведува ЕПИ, во јули 2015 година се одржа работилницата „Македонскиот институционален контекст и Проценка на влијание на регулативата“. Целта на оваа работилница беше да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за идентификување на македонските институции, како и комуницирање и застапување […]

Завршна конференција Мрежа 23

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, Ве покануваат на завршната Конференција од проектот Мрежа 23. Настанот ќе се одржи на 9 јули (четврток) 2015 година, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 1) во Скопје, со почеток во 10.00 часот. Проектот беше […]