Анализа на областите од Поглавјето 23 „Правосудство и темелни права во Република Македонија“

Оваа публикација е прилог кон остварувањето на улогата на граѓанскиот сектор како буден оценувач и коректив на политиките на Владата во областите покриени со Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Таа е поглед на граѓанските организации за остварувањето на европските демократски стандарди во Република Македонија, заснован на структурирано следење и евалуација на политиките. Истовремено, оваа анализа е зачеток на „извештајот во сенка“ за Поглавјето 23, што ќе биде објавуван секоја година. Се надеваме дека нејзините наоди и препораки ќе помогнат за наоѓање на патот кон зачувување и развој на демократските вредности, онакви какви што се гарантирани во Уставот на Република Македонија.

Погледнете ја публикацијата тука.

Comments are closed.