Наум Локоски е лице за комуникации во ЕПИ. Во 2015 година дипломирал на политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во моментов следи мастер програма по применета политика на истиот факултет.
Како лице за комуникации, тој е одговорен за управувањето со веб страната и социјалните профили на ЕПИ. Неговите обврски вклучуваат пишување соопштенија, промовирање на наодите од истражувањата на ЕПИ, менаџирање на e-mail комуникацијата и следење на медиумското известување поврзано со организацијата. Тој помага во развивањето на организациската комуникациска стратегија, проектните комуникациски планови и го следи нивното спроведување. Наум, исто така, придонесува во изготвувањето на промотивните материјали, како фактографите, резимеата, инфографиците и видеата.