Конференција “Вградување на знаењето за ЕУ”

Апр 23, 2013

epiadmin

Настани

0

Конференцијата е дел од проектот “Вградување на знаењето за ЕУ” поддржан од Британската амбасада во Република Македонија. Изминативе три месеци активно се работеше на формирање на иновативна платформа составена од млади експерти како оригинален и нов домашен ресурс на ЕУ еспертиза. Членовите на неформалната своите постдипломски, специјалистички или докторски студии ги завршиле надвор од земјата во земјите членки на ЕУ. Мрежата ја сочинуваат членови од повеќе алумни асоцијации во Република Македонија: FCO на Британска амбасада, NUFFIC од Амбасадата на Кралството Холандија, DAAD на Германската и алумнистите од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Дел од нив биле и стипендисти на Владата на Република Македонија во периодот 2001-2011.

Конференцијата ќе биде искористена за промовирање на Збирката на документи за јавна политикакоја е подготвена од страна на членовите на мрежата. Темите кои се опфатени во збирката се однесуваат на хоризонтални прашања поврзани со процесот на пристапување на РМ, исполнувањето на политичките критериуми за членство, како и анализа на степенот на усогласување со секториските политики на Унијата. Ќе се презентира и Анализа за расположивата експертиза за политиките на ЕУ во РМ, подготвена врз основа на анкета на целната група на проектот.

Post by epiadmin

Comments are closed.