Тркалезна маса во рамки на проектот “Перцепции и ставови за примената на принципот на соодветна и правична застапеност”
На 25 (среда) ноември 2015 година, во хотелот Солун во Скопје, се одржа тркалезна маса во рамки на проектот “Перцепции и ставови за примената на принципот на соодветна и правична застапеност во државната администрација“ финансиран од УСАИД и имплеметиран од ФООМ.
Целта на тркалезната маса беше официјалното презентирање на резултатите од анкетата со 400 државни службеници, интервјуа со раководни службеници од централната и локалната власт и фокус група со преставници на синдикати, здруженија и стручно научната сфера .
На тркалезна маса присуствуваа претставници на институциите на централната и локалната власт, Собранието, невладиниот сектор, преставници на стручно научната сфера и странските преставништва.
Записникот и Резимето од дебатата се прикачени на оваа вест.
- Резиме Тркалезна Маса [.pdf 446KB]
- Записник Тркалезна Маса [.pdf 735KB]