RRPP: (Не)еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија

Acquis на ЕУ и секторски политики: RRPP: (Не)еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија

Институтот за европска политика и Центарот за општествени истражувања Аналитика (БиХ) започнаа со имплементација на проектот “(Не)еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија”. Истражувачкиот проект ќе биде имплементиран во периодот август 2014 г. – јули 2015 г., и е поддржан од Регионалната програма за промоција на истражувања (Regional Research Promotion Program – RRPP).

Истражувањето се фокусира на интерсекциите на (не)еднаквостите во социјалната заштита во Македонија и Босна и Херцеговина, преку анализа на повеќе нивоа – на и помеѓу индивидуално, структурално и симболичко ниво. Целта е да се идентификува дали и до кој степен се поклопуваат потребите идентификувани од примателите на социјална помош со оние кои се утврдени во јавните политики и оние кои се конструирани и перцепирани од општеството. Покрај својот академски придонес кон поголемо разбирање на интерсекционалноста и социјалната заштита, проектот цели да ги преточи наодите и во препораки за јавните политики, со цел да придонесе кон подобрени јавни политики за интерсекциска дискриминација.

Во рамки на проектот ќе бидат подготвени: книга, академски трудови, кратки информации за применети политики, компаративна анализа, и инфографици.

ЕПИ истражувачки тим:

Главна истражувачка/Проектна координаторка: м-р Билјана Котевска

Постара истражувачка: д-р Симонида Кацарска

Помлада истражувачка: м-р Елена Анчевска

Финансирање:

RRPP: 65.560 CHF (34.590 CHF)

EPI: 1.680 CHF

Post by epiadmin

Comments are closed.