Подлабока економска интеграција на Западен Балкан во Европската Унија – кога, како и колку?

Како дел модерирањето на Тематската фокус група (ТФГ) Пристап до единствениот пазар како една од седумте ТФГ на Форумот на граѓанското општество на Берлинскиот процес во Тирана, ЕПИ организираше дискусија насловена „Подлабока економска интеграција на Западен Балкан во Европската Унија – кога, како и колку?” каде што го презентиравме и дискутиравме нацрт-документот за политики подготвен врз основа на инпутите од учесниците во ТФГ Пристап до единствениот европски пазар.

 

Целта на настанот беше да се разменат мислења во врска со препораките за политики за усовршување на аргументите и препораките на ТФГ пред Самитот на Берлинскиот процес во октомври во Тирана.

 

Панелистите и учесниците на настанот дискутираа како да се олесни пристапот на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, да се олесни здравото управување со јавните финансии и да се насочат структурните реформи со подобра координација и следење на Програмите за економски реформи. Нашите учесници ја истакнаа потребата од зголемена претпристапна помош со формален план за зајакнување на претпристапната помош. Вклучувањето и учеството на клучните општествени чинители, вклучително и ГО е неопходно за да се обезбеди силен фокус на владеењето на правото во процесот да се задржи.

Клучните точки на дискусија од ТФГ Пристап до единствениот пазар беа презентирани од нашиот истражувач Стефан Ристовски, а панелисти кои дискутираа за нив беа Милена Михајловиќ од Центарот за европска политика од Србија, Ардијан Хакај од Институтот за соработка и развој од Албанија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања на Северна Македонија, Олександра Булана од Украинскиот центар за европска политика, Матео Бономи од Istituto Affari Internazionali од Италија и Аднан Черимагиќ од Европската иницијатива за стабилност.

 

Овогодинешниот Форум за граѓанско општество и тинк тенккови (CSF) е организиран како серија настани што ги обединуваат претставниците на граѓанското општество, тинк-тенковите и експертите од Западен Балкан за да разговараат за различни регионални предизвици, да ги споделат најдобрите практики и да развијат препораки за политики што треба да им бидат презентирани на носителите на одлуки на Самитот на Берлинскиот процес.

 

Владата на Албанија, како актуелен претседавач со Берлинскиот процес и домаќин на Самитот на Берлинскиот процес во 2023 година, ја задолжи Фондацијата Отворено општество за Западен Балкан да го подготват, организираат и надгледуваат Форумот за граѓанско општество и тинк тенкови, на во име на партнерите кои го спроведуваат Грчката фондација за европска и надворешна политика (ELIAMEP) и Институтот за соработка и развој (CDI).

Comments are closed.