Извештај за фундаменталните права на FRA за 2023 година: Поддршка за луѓето кои бегаат од Украина, справување со зголемената детска сиромаштија и омраза и дигитална заштита
Влијанието на руската воена агресија врз Украина, зголемената детска сиромаштија, широко распространетата омраза и заштитата на правата во време на технолошките промени се само некои од неизбежните прашања за човековите права во Извештајот за фундаменталните права на ФРА за 2023 година. Со фокус на влијанието на агресијата во ЕУ, извештајот ја испитува поддршката и солидарноста што ја даваат владите, локалните власти и општеството. Тој сугерира како земјите од ЕУ можат подобро да обезбедат ефикасна заштита, особено за жените кои избегале од конфликтот и имаат потреба од целна поддршка.
Извештајот за фундаменталните права на ФРА за 2023 година ги одразува случувањата и недостатоците во заштитата на човековите права во ЕУ во 2022 година.
Делот кој се фокусира на војната во Украина ги опфаќа импликациите за основните права на агресијата во Украина за ЕУ и предизвиците што се појавија. На пример, Директивата на ЕУ за привремена заштита обезбеди пристап до работа, домување, социјална помош, образование и здравствена заштита. Но, повеќето од оние што пристигнаа се жени и девојчиња и многумина треба да се грижат за децата или постарите роднини. Ова ја нагласува потребата за насочена поддршка како што се:
- достапно, безбедно и соодветно домување, особено за жени и деца;
- соодветни работни места кои одговараат на вештините и квалификациите и штитат од експлоатација;
- интегрирање на децата во обичните училишта и брз пристап до детска грижа;
- поддршка за жените кои доживеале сексуално насилство и експлоатација.
„Жените и девојчињата се невини жртви од руската агресија врз Украина“ вели директорот на ФРА, Мајкл О‘Флаерти. „Земјите-членки на ЕУ понудија привремена заштита давајќи им ја потребната поддршка да се прилагодат на животот во Европа. Но актуелниот конфликт бара долготрајни решенија, што ќе обратат значително внимание на жените“.
Други зна
Други клучни прашања за фундаменталните права во 2022 година кои се опфатени во извештајот вклучуваат:
- Раст на детската сиромаштија: Пандемијата и растот на цените на енергијата донесоа многу деца, речиси едно во четири, да бидат во ризик од сиромаштија. ЕУ и националните влади треба да спроведат активности во рамките на Европската детска гаранција што започна во 2022 година и да користат средства за ублажување на детската сиромаштија, особено за сиромашните и ранливите домаќинства, како што се оние во семејствата со еден родител, Ромите и мигрантите.
- Широко распространета омраза: Криминалот од омраза и говорот на омраза, особено на интернет, останаа проблематични во 2022 година, делумно поттикнати од агресијата на Русија во Украина. Но, само половина од земјите на ЕУ имаа национални акциски планови против расизмот. Затоа, повеќе земји треба да развијат такви планови, како и конкретни локални и регионални мерки за справување со расизмот.
- Заштита на правата како што се развива технологијата: Ефикасната заштита на основните права со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните сервиси станува се потешка. Законот за дигитални услуги на ЕУ од 2022 година ја препозна потребата за силна заштита на правата што треба да се почитува при неговото спроведување. Законодавците на ЕУ, исто така, треба да обезбедат слични силни заштитни мерки во предложениот Закон за вештачка интелигенција на ЕУ.
Извештајот ги сумира и анализира главните случувања во однос на човековите права во ЕУ во 2022 година. Содржи предлози за акција, кои опфаќаат: Повелба за фундаментални права на ЕУ и нејзината употреба од страна на земјите-членки; еднаквост и недискриминација; расизам и поврзана нетолеранција; инклузија и еднаквост на Ромите; азил, граници и миграција; информатичко општество, приватност и заштита на податоците; детски права; пристап до правда; и спроведување на Конвенцијата за попреченост на ОН (CRPD).
Институтот за европска политика заедно со нашите надворешни соработнички и оваа година го изработи извештајот за Северна Македонија.