Зајакнување на остварувањето на социјална заштита преку социјална отчетност, со фокус на маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и повратниците
Инфо за проектот: Главната цел на оваа задача е да се развие и имплементира процес на социјална отчетност кој ќе идентификува и документира како социјалната реформа од 2019 година допира до ранливите и маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и повратниците, и дали одговара на нивните потреби. Двете клучни задачи се:
– Да се релизираат истражувачки активности преку дизајнирање и имплементација на процес на социјална отчетност во специфичниот контекст, со користење на Оценување од страна на заедницата, насочен кон подобрена реализација на социјалната реформа за најмаргинализираните групи во Северна Македонија, вклучувајќи ги Ромите и повратниците; и
– Развој на мапи за корисничко искуство за избрани програми за социјална помош
Оваа задача ја спроведува Институтот за европска политика во партнерство со РОМАЛИТИКО.
Времетраење на проектот: 30.09.2022 – 30.09.2024
Буџет: 93545 УСД
Донатор: Светска Банка