Унапредување на темелните права во пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ

Проект: Унапредување на темелните права во пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ
Донатор: Civil Rights Defenders
Период: 9 месеци 01.04.2022 – 31.12.2022

Фокусот на правосудството и антикорупциските политики во Западен Балкан доведе до ослабено внимание на основните права како клучен елемент од Поглавјето 23: правосудството и темелните права. Иако постојат посебни охрабрувачки моменти во некои области на политиката, целокупната координација на оваа област останува предизвик. Во Северна Македонија, закочениот процес на пристапни преговори дополнително придонесува за влошување на координацијата на основните права во пристапниот процес во ЕУ. Предложениот проект ќе придонесе за обновен фокус на темелните права како дел од Поглавјето 23, како и за зголемено разбирање меѓу клучните државни институции и граѓанските организации за клучните области на политиката. Неговата цел е да поддржи значајно вклучување на ГО и политички дијалог за основните права во поглед на пристапувањето во ЕУ.

Проектот е насочен кон различни целни групи, вклучително и државни институции, т.е. клучни министерства, независни тела, граѓански организации кои работат во областа на основните права, како и меѓународни претставници. Тука спаѓаат Министерството за правда, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за надворешни работи, институциите на судскиот сектор, Академијата за судии и јавни обвинители, Здружението на судии, Здружението на јавни обвинители, институциите за човекови права и независните тела, Министерството за труд и социјална политика, Мрежа 23, граѓански организации кои работат на владеење на правото, медиуми, Делегација на ЕУ, меѓународни претставници, носители на одлуки од ЕУ и земјите-членки.

Предложениот проект комбинира три резултати кои вклучуваат 1) заедничка работа на граѓанските организации и јавни институции во мониторинг врз основа на докази за темелните права во пристапниот процес во ЕУ, 2) зголемени капацитети на граѓанските организации и јавните институции за регионалните и најдобрите практики на ЕУ и 3) зголемена застапување за јавни политики од страна на граѓанските организации за темелните права.

Comments are closed.