Која е цената за Западен Балкан: Постојни и нови инструменти за проширување на ЕУ

Новата методологија за проширување на Европската Унија (ЕУ) имаше за цел да го зајакне и да го направи поефективен процесот на пристапување. Во пракса, процесот се одвива со побавно темпо од очекуваното. Постои зголемена загриженост дека новата методологија за проширување не е доволна за да ги постигне очекуваните резултати од процесот на  демократизацијата и структурните реформи во Западен Балкан кон членството во ЕУ.

Проектот ги поддржува застапувачките активности на  поддржува мрежата Think for Europe мрежата во дискусии со институциите на ЕУ за иднината на политиката за проширување на ЕУ, како и иднината на ЕУ која го вклучува Западен Балкан (ЗБ) како интегрален дел од Унијата. Специфичните цели на проектот се:

а) Претставниците на институциите на ЕУ имаат можност да се запознаат со различни модалитети за интеграција на државите од ЗБ во ЕУ, и модалитети за подобрување на новата методологија за проширување;

б) Граѓанските организации (ГО), главно тинк тенкови (ТТ) од ЗБ се опремени со информации/знаење за позициите на институциите на ЕУ за проширувањето на ЕУ за подобро да управуваат со очекувањата од процесот на пристапување дома;

в) Граѓанските организации (главно тинк тенкови) од ЗБ ги зајакнаа постоечките и создадоа нови врски за соработка со колеги од ЕУ.

Comments are closed.