Национална работна група за РЈА: Граѓанските консултации се важен дел од програмата за мали грантови
Граѓанските консултации се важен дел од програмата за мали грантови (Small Grant Facility), бидејќи грантистите ќе ги спроведуваат локалните консултации во рамките на нивните проекти. Ова им беше објаснето на учесниците на Петтиот состанок на Националната работна група за реформи во јавната администрација во Република Северна Македонија одржан на 22 јули преку платформата Zoom.
Јулијана Караи од ЕПИ ги презентираше Европските консултации за граѓаните, додека Ангел Мојсовски ги презентираше досегашните резултати од истражувањето во рамките на проектот WEBER 2.0.
Кристина Димовска од Министерството за информатичко општество и администрација го презентираше нацрт-годишниот извештај за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за РЈА 2018-2022, додека пак Весна Бочварска и Искра Белчева од Центарот за управување со промени зборуваа за клучните РЈА приоритети, идентификувани на состанокот на WeBER платформата.
Во таа насока, беше спроведена и Loomio дискусија споделувајќи предлози за гласање и рангирање на клучни РЈА приоритети од страна на учесниците на националните работни групи во Северна Македонија. Избраните клучни РЈА приоритети ќе бидат дел од престојниот повик за мали грантови.