Започнува проектот WeBER 2.0!
Проектот WeBER (Проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество) доби финансиска поддршка од Европската комисија за негово продолжување, што значи дека во наредните три години ќе продолжиме со нашата работа кон реформирана јавна администрација на Западниот Балкан.
Шестте организации од западниот Балкан, членови на мрежата ТЕН (Think for Europe Network) – Центар за европски политики – ЦЕП Белград, Институт за Демократија и медијација – ИДМ Тирана, Институт Алтернатива – ИА Подгорица, Надворешнополитичка иницијатива – ФПИ Сараево, Група за правни и политички студии – ГЛПС Приштина и Институот за европска политика – ЕПИ Скопје, координирани од ЦЕП Белград, а во партнерство со Центарот за европски политки – ЕПЦ од Брисел и со финансиска поддршка од Европската комисија, ќе продолжат да работат со цел да се зајакнат граѓанските организации на западниот Балкан да се вклучат во креирањето и имплементирањето на реформи во јавната администрација, на линија со барањата во процесот на пристапување во ЕУ.
Водејќи се од SIGMA принципите, WeBER започна со пристап заснован врз докази од страна на граѓанските организации за мониторинг на прогресот на владите во реформите на јавната администрација базирани на барањата на ЕУ. Исто така овој проект изгради и барање за реформи од долу, креирајќи регионална WeBER платформа за РЈА дијалог и ги зајакна граѓанските организации преку градење на капацитети и консултациски настани и состаноци. Ова ги постави темелите за континуирано вклучување на граѓанските организации во РЈА, потпирајќи се на регионален пристап и регионално споредливи резултати од набљудувањата на WeBER.
Со новото име, Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација (Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed Public Administration), WeBER 2.0 се ослонува на резултатите од првиот WeBER проект и објавените РЈА извештаи од мониторингот. WeBER 2.0 ја продолжува интервентната логика, развиена и докажана како ефективна во првиот проект, преку креирањето на регионални и локални притисоци и барање за РЈА во согласност со принципите и барањата на ЕУ, како најдобар (веројатно и единствен) начин да се осигура долготрајна ефикасност на условеноста на ЕУ во оваа област и овие реформи да ги одржува на вистинскиот пат, независно од членството во ЕУ на земјите од западниот Балкнан.
Влијанието што WeBER 2.0 се очекува да го креира е да ги зајакне граѓанското општество, „вооружено“ со знаење, вештини и алатки за следење на РЈА и да ги држи нивните национални и локални влади одговорни за квалитетот на политиките што ги спроведуваат, услугите што ги нудат и за целосниот менаџмент на државата и локалните влади и администрации.
WeBER 2.0 започна во декември 2019 година и ќе трае се до декември 2022 година.