Европската иднина на Македонија започнува со Поглавјето 23
Овој краток документ за јавна политика се темели на ставовите изнесени на завршната конференција од проектот Мрежа 23+, која се одржа на 5 јуни, под насловот „Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење?“.
Конференцијата се состоеше од 4 сесии, според структурата на Поглавјето 23, на кои дебатираа политичари, експерти, говорници од повеќе институции, организации и меѓународни партнери, со цел утврдување на состојбата во Република Македонија, како и најзначајните чекори кои државата треба да ги преземе во наредниот период.