Се слушаме ли преку екранот? Младите за безбеден Интернет-простор

Граѓанските консултации со млади луѓе се вид граѓански консултации чија цел е да се разберат перцепциите на младите луѓе во врска со општествените проблеми и нивните гледишта за можните решенија за овие проблеми. Во овој извештај ги презентираме заклучоците од консултациите со млади луѓе од Северна Македонија за тоа кои се нивните позитивни или негативни [...]

Анализа на судските одлуки во областа на прекршочната постапка

Анализата на квалитетот на судските одлуки од областа на прекршочната постапка изработена од страна на д-р Маријана Лончар Велкова, опфаќа 60 анонимизирани одлуки од четири апелациски подрачја донесени во периодот од 2017 до 2020 година, каде една од страните во постапката претставува физичко лице. Секоја од одлуките се анализираше одделно, само врз основа на квалитативни [...]

Национален монитор за реформи во јавната администрација – Северна Македонија 2019/2020

Мониторот за РЈА за периодот 2019/2020 е резултат на мониторингот вршен во текот на 2020 година од страна на членовите на мрежата „Мисли за Европа“ и претставува извештај, односно компилација на клучните наоди од целиот Западен Балкан во шесте области на РЈА дефинирани со Принципите за јавна администрација (принципи на СИГМА). Се работи за втор [...]

Извештај од првата годишна анкета за мерење на задоволството на корисниците на судовите

Во овој извештај се прикажани резултатите од анкетата со граѓани кои се спорат во опфатените судови, а која беше спроведена во декември 2019 година, како и со правните професионалци (судии, судски службеници, адвокати и обвинители), која беше спроведена во февруари 2020 година. Појдовна точка при дизајнирањето на примерокот беше бројот на предмети во 2018 година, [...]

Извештај за 2019 година за резултатите од спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година

Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022 (Стратегијата) содржи показатели (индикатори) што треба да го утврдат степенот до кој мерките од Стратегијата се спроведуваат успешно. Сепак, овие показатели се претежно ориентирани кон мониторинг на продуктите од предвидените активности и посветуваат малку внимание на исходите (outcomes) и влијанието (impact) од Стратегијата. Освен [...]

Извештај 2020: Аргумент повеќе за преговорите

Анализа на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија од 6 октомври 2020 година. Овој извештај е прв по политичката одлука на ЕУ за почнување преговори со нашата држава од март 2020 година. Наодите за Северна Македонија во овие документи се од посебно значење за да се одржи и да се засили аргументацијата за [...]

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2019 – март 2020 година

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е петти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на членките на „Мрежа [...]

Можности и бариери за младинско претприемништво и вработување во приватниот сектор во Северна Македонија

Оваа анализа е подготвена од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) во рамките на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ кој се спроведува во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (ЦИПЕ). 1. Целите на проектот се следните: i) да се зајакне капацитетот на [...]