Извештај од првата годишна анкета за мерење на задоволството на корисниците на судовите

Во овој извештај се прикажани резултатите од анкетата со граѓани кои се спорат во опфатените судови, а која беше спроведена во декември 2019 година, како и со правните професионалци (судии, судски службеници, адвокати и обвинители), која беше спроведена во февруари 2020 година. Појдовна точка при дизајнирањето на примерокот беше бројот на предмети во 2018 година, при што на секои 600 предмети во опфатените судови беше утврдена потреба да се анкетира еден испитаник. Кај судиите беа опфатени 20% од судиите во таргетираните судови, како и 5% од адвокатите на територијата на судовите.

Вкупно беа анкетирани 415 граѓани кои се спорат, 41 судија, 73 судски службеници и 94 адвокати, односно беше натфрлен планот што според примерокот предвидуваше анкетирање на 356 граѓани кои се спорат, 36 судии, 71 судски службеник и 92 адвокати. Единствено кај обвинителите имаше мало намалување во споредба со планот, т.е. беа анкетирани 29 лица, наместо првично планираните 30.

Со спроведена логичка контрола, како и со цел да се запази етничката репрезентативност на анкетата, од анализата кај граѓаните кои се спорат беа исклучени последните испитаници од националностите кои беа повеќе застапени одошто беше планирано со примерокот. Оттука, резултатите што се прикажани во овој документ ги опфаќаат одговорите на 385 анкетирани граѓани.

Comments are closed.