Промовирана Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022)

Предвидените мерки од Стратегијата за реформи во правосудниот сектор (2017-2022) се делумно спроведени, со различен степен на напредок, но мора да се нагласи дека престојат уште многу чекори до исполнувањето на стратешките цели на државата. Ова беше генералната оценка за спроведувањето на Стратегијата споделена на јавниот настан на Блупринт групата на кој беше промовирана Анализата […]

[Отворен повик] ЕПИ има потреба од волонтер/ка

Институтот за европска политика има потреба од ангажман на волонтер/ка за потребите на организацијата. Избраното лице ќе помага во комуникациите на организацијата, како и во прибирање податоци потребни за истражувањата кои ги спроведува ЕПИ. Времетраењето на ангажманот е предвидено да трае 3 месеци, со можност за продолжување. Компензацијата се врши согласно Законот за волонтерство. Како услови […]

[Поткаст] Тела за заштита на човековите права – колкава е нивната важност?

Во овој поткаст на ЕПИ зборуваме за важноста и улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за меѓуинституционалната соработка во заштитата на човековите права во земјава. Наш соговорник е Исмаил Камбери, потпретседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пред да биде избран во комисијата, Исмаил има долгогодишно искуство како истражувач […]

[Видео] Лични приказни на граѓаните: Искуства со јавните услуги во Северна Македонија

Какви се искуствата на граѓаните со јавните услуги❓ Што функционира добро, а што може да се унапреди❓ Што се промени во јавнат администрација за време на пандемијата❓ Дали ранливите групи имаат еднаков пристап до услугите❓ ?️ За своите искуства говорат граѓани од целата територија на земјата.

[Поткаст] Правата на децата во Северна Македонија – каква е заштитата и кои права најчесто се кршат?

За тоа кои права најчесто се прекршуваат во нашата држава, како пандемијата на КОВИД влијаеше врз правата на децата, но и за какви треба да бидат одредбите за заштита на правата на децата во новата Стратегија за правосудството разговаравме во нашиот поткаст со Васка Бајрамовска – Мустафа.   Бајрамовска – Мустафа е заменичка на народниот […]

Дебата: Како да се подобри врската меѓу политиките и истражувањата во Северна Македонија?

Институтот за европска политика организираше панел дискусија „Како да се подобри врската меѓу политиките и истражувањата во Северна Македонија?“ што послужи и како настан за промоција на „Годишникот за европско право, политики и институции“, како и форум за да се соберат чинителите од академската заедница, истражувачите на политики и институциите да дадат идеи за унапредување […]

Дебата: Расте бројот на предмети решени со медијација, но сè уште постои слаба информираност за истата

Поголемиот број од испитани судии и јавни обвинители не се доволно запознаени со користењето на медијацијата во земјава и напорите за промоција и поддршка на медијацијата, а сè тоа резултира со слаба упатеност на предмети на медијација. Сепак, сметаат дека нејзиното користење ќе помогне на правосудниот систем.   Ова беше заклучено на завршанта конференција „Употреба […]

Отворен повик за тим од 2 експерт(к)и за ревидирање на внатрешни документи за мониторинг на организациско влијание и организациска обука, вклучително и од родова перспектива

Институтот за европска политика - Скопје распишува отворен повик за „Тим на експерт(к)и за ревидирање на внатрешни документи и обука за мониторинг на организациско влијание, вклучително и од родова перспектива”  (Experts for revision of monitoring organizational impact, including gender mainstreaming and delivery of a corresponding training)“. Задачите на тимот и временската динамика се детално објаснети [...]

Европската комисија го објави третиот Годишен извештај за владеење на правото

Европската комисија го објави третиот по ред Годишен извештај за владеењето на правото. Оваа година ставен е акцент на важноста на почитувањето на демократските вредности, човековите права и владеењето на правото, во контекст на случувањата во рамки на руската инвазија на Украина. Како и претходните две години, се следат четирите клучни области: правосуден систем, антикорупциска […]