Институтот за европска политика (ЕПИ), заедно со нашите соработници од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (УГД) и Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово (УЈИЕ), идентификувавме недостиг на поврзаност и размена помеѓу академското истражување и истражувањето на применетите политики во земјава. Оваа празнина го закржлавува потенцијалот за растење на истражувачкиот квалитет, спречува создавање на стабилно тло […]
Бараме Државата да воспостави регулативна рамка за утврдување на лекувањето поврзано со COVID-19 кое граѓаните го покриваат со лични средства во приватните здравствени установи, по примерот на определениот максимален износ за плаќање на учество со лични средства (партиципација) во јавното здравство во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување. Предлагаме Фондот […]
Претставени наоди од анкета со граѓани-учесници во судски постапки и вработени во правосудството Иако добар дел од граѓаните сè уште немаат доверба во правосудството, резултатите од скорешна анкета покажуваат дека довербата е значително поголема меѓу граѓаните кои имале лично искуство со учество во некоја судска постапка. 43 отсто од испитаниците – граѓани учесници во судските […]
Новите резултати од истражувањето на јавното мислење укажуваат дека граѓаните имаат на располагање помалку прилагодени опции за давање мислење за квалитетот на административните услуги, споредено со Извештајот за следењето на РЈА од 2017/2018. Истовремено, мислењето на јавноста за вклученоста на граѓаните и граѓанското општество во следењето на административните услуги очигледно расте. Кога е во прашање […]