Работилница „Поглавје 23 – Темелни права“

Сеп 22, 2016

epiadmin

Настани

0

Во периодот 31 август – 2 септември 2016 година, се  одржа работилница посветена на областаТемелни права согласно структурата на Поглавјето 23. Оваа работилница беше наменета за членови на граѓанските организации кои се дел од Мрежата 23 и грантовата шема од проектот „Мрежа 23+“. Организациите од мрежата се директно поврзани со процесот на мониторинг и евалуација на јавни политики во Поглавје 23 преку реализација на нивните проекти кои се составен дел од грантовата шема, но и нивните тековни активности. Дополнително, на работилницата присуствуваа и претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител, Дирекцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за европски прашања, при Собранието на РМ.

 

Целите на работилницата се однесуваа на следново:

1. Запознавање со структурата за креирање информации, следење и евалуација на имплементација на политиките од Поглавјето 23.

2. Темелни права опфатени со Поглавјето 23.

3. Набљудување на остварувањето на темелните права и нивната заштита.

 

Учесниците се стекнаа со знаење за структурата на Поглавјето 23, механизмите за заштита на правата од Поглавје 23, методологијата за креирање на информативни, евалуациски и датабази за мониторинг на пристапните преговори. Воедно, се дискутираа искуствата, предизвиците и можните ризици при имплементацијата на проектите. Исто така, детално беше претставена алатката МЕРЦ.

Фото галерија.

Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската унија.

Post by epiadmin

Comments are closed.