Пристапување во ЕУ – следење и застапување: Проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество (WeBER)
Пристапување во ЕУ – следење и застапување: Проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество (WeBER)
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во партнерство со Центарот за европска политика (CEP) – Србија, од 01 јануари 2016 година започна да го спроведува проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество “WeBER (Western Balkans Enabling Project for Civil Society Monitoring of Public Administration Reform)”. Соработници на проектот се: Центарот за европска политика (Белгија),Институт Алтернатива (Црна Гора), Група за правни и политички студии (Косово), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Институтот за демократија и медијација (Албанија). Проектот ќе трае 2 години (до 01.01.2018 година) и е финансиран од Европската Унија.
Цел на проектот: следење на реформите во јавната администрација, зголемување на релевантноста и капацитетот на граѓанските организации и медиуми во земјите од Западен Балкан, залагање за зголемено учество во креирањето и спроведувањето на реформите во јавната администрација.