Истражувањето за (не)ефикасноста на одредниците за Западен Балкан е нотирано од ЕП
Сервисот за истражување на Европскиот парламент ги скенираше истражувањата и анализите на тинк-тенк организациите кои се поврзани со Западниот Балкан. На извештајот од овој сервис, издаден на 4 мај 2018 година, се референцира истражувањето за (не)ефикасноста на механизамот на одредници за Западен Балкан, кое е издадено од Think for Europe Network (TEN).
Ова истражување е направено во рамките на проектот БЕНЧЕР, кој го води Институтот за европска политика, во соработка со партнерите од TEN мрежата.