Поттикнување анализа на политики и јавна дебата 3.0
Проектот има цел да ја зајакне културата на информирана јавна дебата во Република Северна Македонија преку размислување за новите и испреплетени прашања – безбедност, одбрана, економска стабилност и интеграција во ЕУ.
Проектот е продолжение на нашата претходна успешна организација на советодавни анкети во земјата и нашиот тековен проект, поддржан од НЕД и во соработка со Центарот за советодавна демократија од Универзитетот Стенфорд.
Цели на проектот:
- Зголемување на вклученоста на сите засегнати страни и учеството на граѓаните во придонесот кон националните реформи во врска со основните прашања околу безбедноста, одбраната и економската стабилност;
- Обезбедување структуриран придонес за унапредување на националните реформски процеси преку партиципативен пристап со вклучување на пошироката јавност, претставници на националните институции, граѓански организации, медиуми, политички партии и други релевантни чинители во дефинираните области со советодавното гласање; и
- Подигнување на свеста на сите засегнати страни во процесот (граѓани, експерти, политичари) за важноста на јавна, инклузивна и објективна дискусија за безбедноста, одбраната, економската стабилност и приоритетите на претседавањето со ОБСЕ и стратешката ориентација на земјата во однос на овие прашања.
Донатор: National Endowment for Democracy
Буџет: $110,000
Времетраење на проектот: 1.10.2022–30.09.2024