Затворање на јазот помеѓу академското и истражувањето на применетите политики: Формирана истражувачката група „Европско право, политики и институции“
Институтот за европска политика (ЕПИ), заедно со нашите соработници од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (УГД) и Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово (УЈИЕ), идентификувавме недостиг на поврзаност и размена помеѓу академското истражување и истражувањето на применетите политики во земјава. Оваа празнина го закржлавува потенцијалот за растење на истражувачкиот квалитет, спречува создавање на стабилно тло за истражувачка соработка и размена како и влијание и потенцијал за влијание кај двата видови на истражувања, како и го оневозможува приближувањето на научното знаење до донесувачите на одлуки и до другите засегнати страни и до општата јавност.
Поради ова, ЕПИ, УГД и УЈИЕ ја формираа истражувачката група „Европско право, политики и институции“. Групата ќе се фокусира на олеснување на истражувачката соработка и размена помеѓу трите институции, но и на градење мостови помеѓу трите институции и други засегнати страни во процесите на донесување на одлуките. Таа ќе работи и на отворање на помалку дискутирани теми во врска со ЕУ пристапувањето, ќе истражува и застапува, ќе го олеснува вмрежувањето и контактите помеѓу засегнатите страни, ќе ја информира експертската и општата јавност за прашања кои спаѓаат во нејзиниот тематски фокус и ќе објавува истражувачки резултати и исходи од дискусиите во различни формати.
Во истражувачката група членуваат професорки и професори и доцентки и доценти од двата универзитети, а како членки и членови од ЕПИ се вклучени истражувачки и истражувачи од ЕПИ, но и поканети истражувачки и истражувачи од други тинк-тенк организации од земјава. Основачката средба на групата се одржа виртуелно, на 20 ноември 2020 година. Средбата ја отворија и ја водеа иницијаторките и иницијаторот на групата – проф Беса Арифи, д-р Билјана Котевска, проф. Јован Ананиев и д-р Симонида Кацарска. Покрај взаемно запознавање, групата разговараше и за внатрешното организирање и надворешното делување, идните активности, но и генерално – за визијата за развојот на групата во иднина и дијалогот помеѓу академското истражување и истражувањето на применетите политики. Сите идни активности и настани на истражувачката група ќе бидат овјавени преку веб-страниците и профилите на социјалните мрежи на ЕПИ, УГД и УЈИЕ.
Членови и членки на истражувачката група „Европско право, политики и институции“
проф. д-р Абдула Азизи
вон. проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска
д-р Ардита Абази Имери
доц. д-р Арта Селмани – Бакиу
докторанд Андреја Богдановски
вон.проф. д-р Беким Нухија
вон. проф. д-р Беса Арифи
д-р Билјана Котевска
вон. проф. д-р Вели Креци
д-р Борјан Ѓузелов
вон. проф. д-р. Борка Тушевска Гавриловиќ
доц. д-р Елена Максимова
доц. д-р Јадранка Денкова
проф. д-р Јован Ананиев
проф. д-р. Јадранка Галева
м-р Јулијана Караи
м-р Магдалена Лембовска
вон. проф. д-р Мемет Мемети
вон. проф. д-р. Мерита Зулфиу Алили
м-р Миша Поповиќ
вон. проф. д-р. Олга Кошевалиска
доц. д-р. Сами Мехмети
д-р Симонида Кацарска