Стратешка работилница „Можниот придонес на Мрежа 23 во пристапувањето во ЕУ“
Институтот за европска политика Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права на 5 и 6 јули организираа стратешка работилница „Можниот придонес на Мрежа 23 во пристапувањето во ЕУ“ во хотел Радика, Маврово.
Работилницата има цел да ја подготви Мрежа 23 за зголемено влијание во следните чекори во пристапниот процес и да ги подигне капацитетите на граѓанските организации за ефективен придонес во процесот на преговори.
Оваа работилница беше наменета за претставници на граѓанските организации – членки на Мрежата 23, кои се на раководни позиции, односно имаат одговорности за процесите на стратешко планирање во своите организации.
На работилницата се разговараше за Acquis на ЕУ во Поглавјето 23 и улогата на Мрежа 23 во пристапните преговори.
Работилницата се организира во рамки на проектот Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23) финансиран од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.