Известување: Вонредни мерки за работа поради коронавирусот

Почитувани,

Следејќи ја ситуацијата со коронавирусот и согласно препораките на министерството за здравство, вработените на Институтот за европска политика од 12 март своите работни обврски ги исполнуваат од дома.

Во следниов период може да не контактирате преку нашиот официјален маил: [email protected] или директно некој од членовите на нашиот тим на нивните маилови објавени на нашиот вебсајт: http://epi.org.mk/%d1%82%d0%b8%d0%bc

Препораките за работа од дома ќе важат до 20 март, а ќе се следи и развојот на ситуацијата со ширењето на вирусот и ќе се одлучува за продолжување или прекинување на оваа мерка, за што ќе бидете известени преку нашиот веб сајт и профилите на социјалните мрежи.

Со почит,
Институт за европска политика

Comments are closed.