Симонида Кацарска е директорка на Институтот за европска политика – Скопје. Таа има докторирано во областа на политики и меѓународни студии од Универзитетот во Лидс (Обединетото Кралство), а има магистрирано во областа на европски политики на Европскиот институт во Сасекс (Обединетото Кралство).
Симонида е една од основачките на ЕПИ, каде работи од 2011 година. Во периодот помеѓу 2005 и 2011, Симонида работеше во Секретаријатот за европски прашања во Владата на Република Македонија, во Одделот за правда, слобода и безбедност при секторот за интеграции. Таа била истражувачка соработничка на Централноевропскиот универзитет, Универзитетот во Оксфорд, Колеџот на Европа и во Универзитетот на Единбург. Таа била ангажирана и како експертка и консултантка за меѓународни организации (СнЕ и ОБСЕ). Симонида има истражувачко и праткично искуство поврзано со политичката трансформација и европската интеграција на балканските држави, со фокус на политиката на национални малцинства.
На позицијата директорка во ЕПИ доаѓа во февруари 2017 година.