Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска во Јавна соба го презентираа документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“

Медијацијата е многу повеќе од судови и адвокати, таа е култура. Треба јавноста истата да ја прифати, бидејќи е важно медијацијата да се прошири подалеку од правниот дел. Ова беше еден од главните заклучоци на промотивниот настан „Унапредување на квалитетот на медијацијата“ организиран од ЕПИ во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“.
За една апликација за вработување кандидатот треба да потроши околу 6000 денари само за да конкурира, што претставува проблем за младите бидејќи е значителна сума за невработени лица, кои можеби и нема да стигнат до понапредна фаза во процесот на вработување.
Презентацијата на пакетот за проширување во Комисијата за надворешна политика од страна на комесарот Вархеји беше видливо во сенка на блокираниот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија и неможноста државите членки да ја донесат одлуката за почетокот на преговорите со двете држави.
Во овие услови, Комисијата безбедно останува на веќе познатите главни наоди и препораки во поглед на отворањето на преговорите. Во Заклучоците на овогодишната Стратегија за проширувањето, Комисијата повторува дека одложувањето на почетокот на преговорите со двете земји негативно влијае врз кредибилитетот на ЕУ. Затоа повикува билатералните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решат како приоритет, државите членки да ја завршат дискусијата за преговарачките рамки и првите меѓувладини конференции да се одржат пред крајот на оваа година. Ваквото инсистирање е поддржано со оценката дека државата ги исполнила условите за одржување на првата меѓувладина конференција, благодарејќи на „одржувањето стабилно и одлучно темпо во спроведувањето на реформите во ЕУ, особено во клучните области како што е владеењето на правото, вклучително и во борбата против корупцијата и организираниот криминал“.
Иако Извештајот е методолошки изменет – сега тој е целосно структуриран по кластери, суштествено нема големи новини во пристапот на Комисијата, освен редоследот на поглавјата и сумирањето на главните наоди по поглавја. Во повеќето од кластерите Северна Македонија е проценета како умерено подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ со видливи разлики помеѓу посебните поглавја во кластерите.
Покрај оваа куса анализа, Институтот за европска политика подготвува детална анализа на извештајот и препораките со споредба на трендовите која ќе биде објавена во наредните неколку денови.
Анализата на задоволството на учесниците во судските постапки е дел од проектот и има цел да го измери задоволството на странките во судските постапки, како и ефектите од реформите на правосудството. Анализата се спроведуваше преку анкета на повеќе целни групи во две последователни години, во 2019 и 2020 година, со цел да се измери колку странките кои учествуваат во споровите го зголемиле или го намалиле своето задоволство од работата на судовите и функционирањето на правосудниот систем.
Предмет на истражување се довербата во правосудните институции, ефикасноста, односот на учесниците во судските постапки, стручноста и професионалноста на судиите и јавните обвинители и квалитетот на судската постапка. Испитаниците исто така ги оценуваа и ефектите од спроведување на реформите во правосудството, предвидени во Стратегијата за реформи во правосудството за периодот 2017-2022 година.
Од анкетата може да се заклучи дека реформата дава резултати и на сите полиња се забележени подобрувања. Мислењето на судиите и јавните обвинители е слично и дека е подобрен квалитетот, побрзо се решаваат споровите, се работи поефикасно и стручноста и професионалноста на сите вклучени во постапките е унапредена, а подобрени се условите за работа и ресурсите со кои располагаат судовите и јавните обвинителства, вклучително и менаџирањето со буџетот, стратешкото планирање и креирањето политики. Исто така, подобрен е и системот на избор, именување и унапредување на судиите и јавните обвинители. За разлика од нив, адвокатите имаат малку поинакво мислење и, генерално, тие сметаат дека нема големи промени во анализираните области, дека има подобрувања, но има и влошување на состојбите.
Согласно наодите од анкетата, се препорачува да се продолжи со имплементација на реформите во сите сегменти.
Процесот на европеизација и стремежот кон исполнување на европските стандарди веќе подолг период јавува голем интерес помеѓу граѓан(к)ите во однос на индивидуалните цели на Република Северна Македонија. Дополнително, 2020 година, беше обележана од КОВИД-19 кризата, при што на површина ги исфрли главните потешкотии на организација на власта, нејзиното функционирање и начин на справување во кризни моменти. Во период каде државата треба да е целосно обединета и подготвена во однос на справување со главните предизвици за време на пандемијата, слабите и задоцнети реакции на националните власти, предизвикаа генерално негативни реакции кај граѓан(к)ите. Државата ги согледа потешкотиите од самостојното справување со кризата, а пак на граѓан(к)ите им стана јасно каде се пропустите.
Граѓанските консултации со млади луѓе се вид граѓански консултации чија цел е да се разберат перцепциите на младите луѓе во врска со општествените проблеми и нивните гледишта за можните решенија за овие проблеми.
Во овој извештај ги презентираме заклучоците од консултациите со млади луѓе од Северна Македонија за тоа кои се нивните позитивни или негативни искуства на Интернет и нивните мислења за тоа кои дејства треба да се преземат во однос на политиките и коишто засегнати страни треба да ги спроведат овие дејства за да се подобри искуството на корисниците.
Следејќи иста методологијата, која ја изготви Центарот за европска политика (CEP) Брисел, слични настани беа организирани во сите земји од Западен Балкан.
Оваа активности е дел од проектот „Направи иднина: ЕУ и Западен Балкан од младинска перспектива“, имплементиран од група тинк-тенк организации во рамките на мрежата „Мисли за Европа“ (TEN), Центар за европска политика (CEP) Брисел, Институт за меѓународни работи (IFI) Рим и Фондацијата Бронислав Геремек – Варшава. Проектот е финансиран во рамките на програмата „Европа за граѓаните“.
Пред октомврискиот состанок на Советот на ЕУ во 2019 година, бугарската влада усвои Рамковна позиција, која беше потврдена со Декларација на бугарското Собрание. И покрај поддршката за отворање на пристапни преговори, во позицијата се содржани нови услови за Република Северна Македонија кои наводно произлегуваат од Догoворот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од 2017 година.
Потоа следеше Изјава на бугарската влада како прилог на заклучоците на Советот одржан во март 2020 година.
Институтот за европска политика – Скопје објави краток документ за политика во кој се анализираат бугарските услови, спородено со билатералниот Договор. Понатаму, овој документ ги истражува можното влијание, како и опциите за надминување на овие предизвици во процесот на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, со фокус на претстојната преговарачка рамка на ЕУ во согласност со новата методологија за проширување.

0