Извештај од Мониторот за РЈА во Северна Македонија: Стратегија за РЈА

Оценката за транспарентноста и инклузивноста на агендата за РЈА во овој извештај се концентрира на два клучни аспекта – 1) партиципативно изготвување на планските документи за РЈА, кое вклучува и актери што не се дел од јавната власт, односно не-државни чинители и 2) вклученост на ГО во работата на владините механизми за координација и следење на РЈА. Во однос на првиот аспект, оценката накратко се осврнува на основните барања кои произлегуваат од регулативата во однос на спроведувањето на консултации, по што следува оценка на практиките за вклучување на надворешни засегнати страни и на јавноста во различните фази од развојот на политиките, при што земен е примерок од два плански документи за РЈА, усвоени по објавувањето на РЈА Мониторот за периодот 2021-2022 година. Во однос на вториот аспект, извештајот го испитува степенот и начинот на вклучување на ГО и други недржавни чинители во процесите на координација и следење на РЈА, како на политичко, така и на административно ниво, при што се нагласува до која мерка ваквата вклученост е институционализирана и колку истата е значајна во пракса. Наодите во извештајот се однесуваат на периодот по објавувањето на РЈА Мониторот за периодот 2021-2022 година, започнувајќи од втората половина на 2022 година, заклучно со крајот на 2024 година.