Во партнерство со Универзитот во Утрехт, Migration Policy Group и Human European Consultancy, Институтот за европска политика учествува во работата на мрежата на Европската комисија “Европска мрежа на правни експерти за родова еднаквост и недискриминација”. Оваа мрежа работи на следење на усогласеноста на домашното законодавство за недискриминација и родова еднаквост со Европското acquis во сите земји членки на ЕУ, ЕФТА земјите и во земјите-кандидатки. Дел од задачите на мрежата е и да ја советува Европската комисија за прашања што спаѓаат во нејзиниот опег на работа.