Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на фондовите на ЕУ во РМ
Следење на ИПА: Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на фондовите на ЕУ во РМ
Овој истражувачки проект беше поддржан во рамки на Think and Link програмата на европскиот фонд за Балканот за 2012 година. Крајниот производ беше студија која опфати компаративна анализа спроведена во Македонија, Бугарија, Хрватска и во Словенија.
Целите на истражувањето беше да се понуди анализа базирана на докази за најдобрите практики на ЕУ за парламентарната контрола врз користењето на фондовите на ЕУ, преку фокус на новите земји-членки на Унијата. Исто така, документот се фокусираше на идентификување на постоечките недостатоци и пречки во обезбедувањето ефикасен механизам за контрола врз фондовите на ЕУ, како и можностите за воспоставување ефикасни механизми во Парламентот за успешен надзор врз фондовите на ЕУ. Проектот придонесе кон подобрување на транспарентноста во користењето на фондовите на ЕУ преку извршување притисок и побарувачка за точни и за навремени информации од Собранието, граѓанските организации и медиумите.