RRPP: Нега за негувател(к)ите: Анализа на политиките за неформална нега во Македонија и Босна и Херцеговина
Acquis на ЕУ и секторски политики: RRPP: Нега за негувател(к)ите: Анализа на политиките за неформална нега во Македонија и Босна и Херцеговина
Институтот за европска политика (ЕПИ) во партнерство со Центарот за општествени истражувања – Аналитика од Босна и Херцеговина, на 01.06.2016 започна да го спроведува проектот „Нега за негувател(к)ите: Анализа на политиките за неформална нега во Македонија и Босна и Херцеговина“ што преставува продолжение на проектот „(Не)еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија“.
Преку анализа на политиките за долготрајна нега со фокус на лицата што пружаат неформална нега на стари, хронично болни и лица со попреченост во домашни услови (најчесто членови на семејството што не се платени за нивната работа и не се медицински обучени), проектот има за цел да придонесе за унапредување на рамката за долготрајна нега што ќе ги има предвид потребите на негувател(к)ите.
Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и ќе се спроведува во времетраење од 6 месеци.