[Поткаст] Правата на децата во Северна Македонија – каква е заштитата и кои права најчесто се кршат?
За тоа кои права најчесто се прекршуваат во нашата држава, како пандемијата на КОВИД влијаеше врз правата на децата, но и за какви треба да бидат одредбите за заштита на правата на децата во новата Стратегија за правосудството разговаравме во нашиот поткаст со Васка Бајрамовска – Мустафа.
Бајрамовска – Мустафа е заменичка на народниот правобранител и воедно одговорно лице кое раководи со одделението за заштита на правата на децата.
Овој поткаст беше сниман во рамките на проектот „унапредување на темелните права во пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ“ финансиран од Civil Rights Defenders. Неговата содржина не ги претставува ставовите и позициите на Civil Rights Defenders.