Енергетска безбедност на земјите од Западен Балкан
Инфо за проектот:
Проектот „Енергетска безбедност на земјите од Западен Балкан“ е регионален проект кој има цел да даде сеопфатна анализа за енергетската безбедност на шесте земји од Западен Балкан. Анализите ќе ја прикажат состојбата на ресурсите на енергетскиот микс, националните енергетски стратегии и планови на земјите, влијанието на новите кризи (Руската војна во Украина) и местата и можностите за ублажување на кризите, мапирањето на клучните енергетски инструменти и механизми и нови еволуирачки енергетски иницијативи за WB6 (регионално, ЕУ и меѓународно ниво) и да се претстават нови политички агенди за секоја WB6.
Извештајот од истражувањето и препораките ќе бидат презентирани на завршна конференција.
Времетраење на проектот: 31.05.2022 – 30.10.2022
Буџет: 2500 EUR
Донатор: BPRG