Од одговорност до отчетност: Известување за Корпоративна општествена одговорност како средство за ангажиран приватен сектор

Инфо за проектот: Од компаниите се очекува и им се врши притисок да ги оправдаат своите одлуки и постапки во справувањето со социјални и еколошки прашања. Зголемениот интересот за нефинансиските резултати на компаниите од страна на засегнатите страни ја прави Корпоративната одржливост и одговорност важна тема за регулаторите. Неколку директиви и регулативи се усвоени од страна на Европската унија, и имплементирани од страна на институциите на ЕУ и земјите-членки со цел да се фасилитира одговорното деловно однесување и одговорност од страна на компаниите кон релевантните засегнати страни. Северна Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ и не е обврзана да се усогласи во целост со законодавството на ЕУ. Сепак, се очекува земјата постепено да ги усогласува националните закони со правото на ЕУ и да обезбеди нивна имплементација.

Овој истражувачки проект има за цел да ги идентификува правилата за известување за корпоративна одржливост во однос на барањата на ЕУ за компаниите кои се основани или работат во Северна Македонија. Понатаму, проектот има за цел да ги идентификува активностите во однос на обезбедување на корпоративна одржливост на компаниите во Северна Македонија од различни индустрии и за разни прашања прашања поврзани со нивната одржливост. Последно, со овој проект ќе се идентификуваат и посочат стратегии и практики за корпоративна одржливост и одговорност помеѓу компаниите кои котираат на Македонската берза, а кои имаат најдобар перформанс во оваа насока.

Времетраење на проектот: 15.04-10.06.2022

Буџет: 2.500 ЕУР

Донатор: БЦСДН – ​​Балканска мрежа за развој на граѓанското општество

Comments are closed.